ФОТО | Униформите креирани од најголемите модни имиња на олимписката парада, чинат колку половен автомобил
Отворањето на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026 не беше само спектакл на спорт и национална гордост, туку и вистинска модна ревија. Делегациите од речиси сите земји настапија во впечатливи, дизајнирани униформи кои ги создадоа врвни модни имиња од целиот свет. Од класичните и елегантни комбинации на Италија и Франција, до авангардните и драматични изданија на САД и Канада, секој тим се обиде да го покаже својот идентитет, стил и национален печат.
Препорачано
Цените на овие униформи се импресивни – некои од нив чинат колку половен автомобил – но деталите, материјалите и дизајнот го оправдуваат секој вложен долар. Парадата покажа дека на спортската сцена, модата и стилот стануваат исто така важен дел од олимпискиот настан, создавајќи незаборавна комбинација на естетика, традиција и иновација.
САД
Американските олимпијци повторно ги облече Ралф Лорен, кој со тимот на САД работи веќе 20 години. Бел капут, ролка со зимски мотиви, панталони, ракавици, чевли и додатоци чинат околу 4.964 долари. Лорен истакна дека секој елемент е произведен во САД.

Канада
За Канадците се погрижи брентот Лулулемон. Минималистичките, авангардни зимски комбинации, со преголеми јакни украсени со црвен јavorов лист, привлече внимание. Некои од клучните парчиња не се достапни во продажба.

Франција
Францускиот тим се одлучи за бела гардероба со детали во нијанси на лед и студ. За нив се погрижи Ле Кок (Le Coq), а комплетот се состои од перјана јакна (400 евра), панталони (178 евра), чевли, шал и ракавици.

Велика Британија
Британските спортсти носеа теget капути, џемпери со мотиви од знамето и беџ шалови. За нив се погрижи дизајнерот Бен Шерман, а гардеробата е прилагодена за секојдневна употреба.

Италија
Домаќините ги облече легендарниот Армани за линијата EA7. Италијанските олимписци се појавија во сиви комбинации со бели капи, а секој детал има симболика на хармонија и чистота.

Бразил
Бразилските олимписци носеа модернизирана верзија на легендарната Монклер „Karakorum“ јакна, создадена првично за италијанските планинари.

Норвешка
Норвежаните ја продолжија традицијата со 70 години старите олимписки џемпери од „Dale of Norway“, направени од чиста норвешка волна и традиционална нордиска шема. Цена: 349 евра.



