ФОТО | Уметник претвори 6.000 примероци од „Кодот на Да Винчи“ во специјално издание на „1984“ од Орвел

Фото: Profimedia / Ben Birchall / PA Images / Profimedia

Шест години откако продавницата на Оксфам замоли да нема повеќе копии од книгата „Кодот на Да Винчи“, уметникот Дејвид Шригли го заврши проектот со кој собра 6.000 примероци од романот и ги рециклира во новото издание на познатото книжевното дело „1984“ на Џорџ Орвел, пишува „Гардијан“.

Овој викенд копиите на делото на Орвел од неговиот проект „Pulped Fiction“ („Рециклирана фикција“)  ќе бидат изложени и продадени во добротворната продавница во Свонси која го инспирираше проектот.

Фото: Ben Birchall / PA Images / Profimedia

Шригли, кој се смета за еден од најзабавните и најпромислените визуелни уметници во Велика Британија, уште во 2017 година дошол на идеја за проект, откако ги видел извештаите во весниците за добротворната продавница која бара да нема повеќе копии од популарниот роман на Ден Браун.

Тој решил да го препрочита книжевното дело „1984“ и сфатил дека во 2020 година се навршиле 70 години од смртта на Орвел, што значи дека неговите романи ќе бидат надвор од авторските права.

Фото: Ben Birchall / PA Images / Profimedia

Инаку, вкупно 1.200 примероци на ова специјално издание ќе се продаваат по цена од 495 фунти, а секоја книга доаѓа со потпис на Шригли и со реден број на книгата. На страниците уште можат да се видат мали фрагменти од оригиналниот текст. Останатите ќе бидат продадени за 795 фунти на веб-страницата на Шригли.

Покрај книгите, уметникот ќе објави 30-минутен документарец кој ја раскажува приказната за тоа како настанал проектот и пречките со кои се соочил во неговото студио. За време на викендот на лансирање ќе има бесплатни часовни проекции на документарецот во театарот „Вулкан“ во Свонси.

„Животинска фарма“: Прочуената политичка сатира на Џорџ Орвел добива своја игра!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот