„Животинска фарма“: Прочуената политичка сатира на Џорџ Орвел добива своја игра!

steam

Познатиот роман на Џорџ Орвел „Животинска фарма“, е актуелен класик кој секогаш не потсетува на насоката во која може да оди човештвото, а сега доби и своја видео игра.

„Животинската фарма на Орвел“ ја следи приказната за романот во кој главните ликови се животни од фарми. Играта ќе им овозможи на играчите можност од прва рака да ја искусат лошата страна на премногу моќ концентрирана во рацете на еден човек или животно.

„Животинската фарма на Орвел“ содржи елементи на балансирање на ресурсите во домаќинството, каде играчот избира колку ќе добие некој, како ќе се справи со одбраната работа и зачувувањето на моралот на фармата.

Целата оваа работа се чини како многу интересна идеја за видео игра, но останува да се види дали ќе има повеќе завршетоци, односно дали крајот може да се избегне од самата книга и да се создаде сосема поинаква слика за фарма која не потпаѓа под тоталитаризам, пишува Play!Zine.

Зад играта стои британското студио Nerial, кое планира да започне со дистрибуирање на играта преку Steam за време на есента.

Патем, делото на Орвел „Животинска фарма“ е политичка сатира инспирирана од промената на владата во Советскиот Сојуз по смртта на Ленин и доаѓањето на Сталин, кој не ја изгуби својата важност дури 75 години по првото издание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот