Фото: Фејсбук / принтскрин

ФОТО | Украинка со мало дете моли за помош пред маркет во Скопје

„Јас сум од Украина, мојот сопруг е во војна, ми е потребна финансиска помош“ – жена од Украина со мало дете стои пред маркет, во близина на Италијанската амбасада во Скопје и со порака напишана на лист хартија, бара помош од граѓаните.

Според информациите споделени на социјалните мрежи, таа се наоѓа на истата локација од 10 часот наутро и останува таму до вечерните часови, во обид да обезбеди основни средства за живот.

Се апелира до сите хумани граѓани, доколку се во можност, да помогнат – со храна, облека или други неопходни средства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот