ФОТО | Убави вести за Моника Црнокрак, гордиот татко Мики се пофали
Модниот менаџер Мики Црнокрак објави убави вести за неговата ќерка Моника, која многу личи на својата мајка Светлана.
Препорачано
Моника тргна по стапките на мајка си, една од нашите најуспешни модели, и ја освои титулата петта придружничка на Мис на Европа, објави гордиот татко. Изборот се одржа во Бејрут, Либан.
Ова не е единствена титула за убавина која досега ја има освоено Моника – таа сѐ поуспешно влегува во модниот свет. Светлана и Мики Црнокрак имаат уште една помала ќерка, Нина, која има 14 и пол години.
„Уживам во своето модно семејство, а родителите ми се најголемите советници и поддршка во животот. Кога станува збор за модата и мојот изглед, нормално, по женска линија се консултирам со мајка ми, а татко ми е тој што секогаш потврдно кимнува со главата“, рече Моника Црнокрак во едно интервју за „Слободен печат“, а нејзината модна приказна ја раскажа и мајка ѝ:
„Мојата кариера почна на 18 години, кога се пријавив на ‘Екрановиот’ избор за Мис на Македонија и бев избрана во мојот роден град Гостивар. Тогаш запознав многу луѓе од светот на модата и јавниот живот, а еден од нив е г-динот Марио Липша (кој, за жал, веќе не е меѓу нас), кој е доста заслужен за мојата кариера“, рече Светлана Црнокрак, која годинава со сопругот ќе прослави 29 години брак.


