ФОТО | Трета среќа: Ѕвездата на „Игра на тронови“ се омажи во Италија

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа

Британската актерка Лена Хедеј, најпозната по улогата на кралицата Серсеи во хит серијата „Игра на тронови“, го кажа судбоносното „да“ на својот колега Марк Менчака, ѕвездата на серијата „Озарк“, на интимна церемонија во Италија.

Славната двојка ги разменила свадбените завети на 6 октомври, а свадбената церемонија не ја пропуштиле многубројните колеги на Лена од хит серијата на ХБО.


Фотографиите од венчавката кои ги обиколија социјалните мрежи открија дека Хедеј (49) за својата трета венчавка се одлучила за едноставна венчаница, со заводлив изрез на грбот што ги откри нејзините многубројни тетоважи.

За венчавката, ѕвездата од „Игра на тронови“ ја оплеменила својата полубрановидна коса со вел и шноли од цвеќе, со што дополнително го нагласила бохо духот на церемонијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HT City (@htcity)


За својот прв сопруг, музичарот Питер Пол Лофрен, Хедеј се омажи во 2007 година, а се разведе шест години подоцна и го имаат 11-годишниот син Вајли. Во 2015 година, таа стана мајка на девојчето Теди, со режисерот Ден Кадан, пријател од детството, но парот се разведе во 2018 година.

Што е следно за глумиците од „Игра на тронови“? Каде ќе ги гледаме Серси, Арја, Санса?

Откриена најголемата тајна за „Игра на тронови“ !

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот