Што е следно за глумиците од „Игра на тронови“? Каде ќе ги гледаме Серси, Арја, Санса?

Во „Игра на тронови“ се запознавме со неколку силни женски карактери. Сега кога серијата конечно заврши, можеби се прашувате што е следно за овие прекрасни актерки.

Мејси Вилијамс ќе стане мутант

Instagram

Ајра Старк од мало несигурно девојче прерасна во еден од најсилните карактери во серијата. По големиот успех, нејзиниот следен голем проект ќе биде портретирањето на мутантот Волфсбејн во следното продолжение од франшизата за Икс мен, кое треба да се појави во 2020 година.

И Софи Тарнер е мутант во „Икс мен“

Instagram

Исто како и нејзината колешка и најдобра пријателка во вистинскиот живот, и Софи Тарнер после „Игра на тронови“ продолжува во франшизата „Икс мен“. Ја има главната улога во „Икс мен: Темниот феникс“, кој имаше премиера пред неколку дена.

Гвендолин Кристи е ѕвезда во акционен филм

Instagram

По дебито во „Игра на тронови“, каде што го толкуваше ликот на Бриен од тарт, Гвендолин стана ѕвезда во повеќе акциски филмови и имаше улоги во „Игри на гладта“ и во „Војна на ѕвездите“. Следно таа ќе се појави во улогата на Џејн Мурдстон во „Личната историја на Дејвид Коперфилд“.

Емилија Кларк има два филма во постпродукција

Facebook

Емилија ќе ја толкува главната улога во британската романтична комедија „Последниот Божиќ“, а ќе глуми и во „Војна на ѕвездите“.

Лена Хеди ја продолжува кариерата

Instagram

Следен голем проект за контроверзната Серси е во филмот „Борејќи се со моето семејство“ каде што ќе ја портретира професионалната борачка Џулија Бевис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот