ФОТО: Том Круз 14 години по разводот со Кејти Холмс конечно повторно заљубен? Еве која е жената која успеа да го освои!

Фото: Профимедиа
Странските медиуми пренесуваат дека Том Круз е во врска со 20 години помладата актерка Хајли Атвел, со која глуми во најновото продолжение на „Невозможна мисија“ чие снимање е во тек. Странските медиуми постојано пишуваат дека Том и Хајли се неразделни уште од првиот ден. Тоа е голема вест со оглед на тоа што Том од 2012 година не бил во сериозна врска откако се разведе од колешката Кејти Холмс, со која ја има 14-годишната ќерка Сури, додека 38-годишната Хајли неодамна се разделила од еден британски доктор.
Фото: Профимедиа
„Том и Хајли се заљубени од првиот ден. Карантинот и сите потешкотии кои дојдоа со него уште повеќе ги зближија и тие не се одвојуваат еден од друг“. Тие се состануваа по работното време, а таа живее во близина на неговиот лондонски стан. Одлично се согласуваат и изгледа дека и двајцата се многу среќни“, изјави анонимниот извор за „The Sun“. Том пред бракот со Кејти Холмс беше оженет со Никол Кидман од 1990 до 2000 година и беа еден од најмоќните холивудски парови. Тие заедно ги посвоија денес 25-годишниот син Конор и 27-годишната черка Изабела, а децата поради Том го прифатија верувањето во Скиентолошката црква во која и тој самиот припаѓа.
Фото: Профимедиа
Првата жена со која Том Круз беше во брак е исто така актерка, Мими Роџер, со која се венчаше во 1987 година, а се разведоа три години подоцна и наводно таа го вовела во Скиентологијата, на која тој и остана и до ден денес верен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот