ФОТО | Тина 27 минути била клинички мртва: По реанимацијата напишала морничава порака

Фото: Инстаграм

Лекарите по срцетиот удар успеале да ја оживеат Тина, која била клинички мртва цели 27 минути, а сега таа детално го опишала искуството.

Тина Хајнс, мајка на четири деца, доживеала срцев удар во 2018 година, додека планинарела со сопругот. Тогаш наеднаш колабирала, а сопругот, чекајќи ја брзата помо, успеал еднаш да ја оживее.

И покрај тоа, Тина повторно паднала во несвест, а лекарите шест пати ја реанимирале. Таа била без пулс точно 27 минути, по што била интубирана во болница. Не можела да зборува, а кога ситуацијата се стабилизирала побарала пенкало и хартија за да напише нешто.

„Сè е реално“, била нејзината порака која и денес ја чува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madie Johnson (@madiejohnson)


Тина денес вели дека била убедена дека тие 27 минути ги поминала во рајот, а пораката се однесува на моментот на клиничката смрт.

„Беше целосно опипливо, боите беа толку живи“, рекла таа и додала дека во тој рај го видела Исус како стои пред голема црна врата зад која се гледа жолт сјај.

Кога во болницата, откако ја напишала пораката, членовите на семејството ја прашале за што, всушност, пишува, таа со главата покажала нагоре.

Приказната за оваа жена, која од овој чудесен настан се занимава со мотивационо говорење, прв ја објавил нејзиниот братучед. Таа има истетовирано порака на раката, напишана од нејзината тетка.

„Мојата тетка Тина, една од најневеројатните, најпребирливите и здравите луѓе што ги познавам, имаше неочекуван срцев удар. Таа беше ставена на дефибрилатор и откако чудесно се разбуди, првото нешто што го направи, бидејќи не можеше да зборува бидејќи таа беше интубирана, бараше пенкало и напиша во дневникот на мојот братучед ‘Тоа е реално’, напишала таа.

Оваа приказна на социјалните мрежи ја сподели и жената која ја направи нејзината тетоважа, а потоа почнале да се нижат коментари на луѓе кои имале очигледно слични искуства.

„Го видов тоа. Најубавото чувство на светот. Бев на топло, светло ипрекрасно место. Се обидував да дојдам до еден од луѓето пред мене. Толку многу сакав да дојдам до нив, но претпоставувам дека не беше моето време да останам“, напишал еден корисник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Hines (@_tinahines)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот