Фото: Тетово со прашина и отпад „до колена“, миење улици за општината мисловна именка

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Во време кога градот под Шара урива рекорди по аерозагаденост каде изминативе неколку дена концетрацијата на ПМ 10 честичките беше и за до 5 пати поголема од максималните граници, општинските власти буквално со прст не мрднуваат да преземат одредени чекори за ублажување на состојбата.

Градот се гуши во сообраќаен хаос и неконтролирана урбанизација, а она што највеќе загрижува е што тој се гуши и во кал и прашина.

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

На улиците и тротоарите во Тетово може да се забележат талози од прашина, а на одредени места и кал кои по топењето на снегот се се почеста слика, а неретко може да се забележат мини диви депонии низ градот како таа на фотографијата подолу, која за жал се наоѓа во двор на детска градинка каде се напасува и добиток.
Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Тетовци велат дека градот од вгодина вгодина се повеќе се запоставува. Општината не ги врши секојдневните вообичаени обврски, а камоли нешто друго.

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

„Па видете каков е градот. Порано имаше камиони кои го чистеа градот со вода, сега не сум забележал некогаш да се мијат улици, ова е срамота“, вели една тетовка.

„Во време кога се зборува за преземање на сериозни мерки против аерозагадувањето општинските власти не преземаат ниту секојдневни обврски како што е миење на улици, тоа барем е бесплатно, се загушувме во прашина, овој град повеќе никој не го есапи и никој не го сака“, додава друга тетовка.

Денеска општината само алармираше дека е надминат прагот на аерозагадувањето во Тетово, па ги предупреди граѓаните да внимаваат. Но, за преземање некакви мерки ниту збор.

Изминатава сабота Општина Тетово се пофали дека ќе почне да ги мие улици, а првата активност кажа дека ќе ја започне од булеварот Благоја Тоска.

Но наместо ЈКП Тетово, оваа собраќајница ја миеја тетовските пожарникари, но цистерните со вода поминаа само на дел од улицата, на останатиот поголем дел се уште има прашина, кал и отпадоци.

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот