ФОТО | Тенисерката Симона Халеп се омажи за 13 години постар македонски милионер

Фото: Инстаграм

Романската тениска sвезда Симона Халеп (29) се омажи за македонскиот богаташ Тони Јурук (42), кој е 13 години постар од неа.

Двојката во средата организирала раскошна венчавка во нејзиниот роден град Констанца, град кој е најголемо пристаниште на Црното море.

Двократната Гренд слем шампионка и поранешна најдобра тенисерка на планетата одлучи својата тригодишна врска да ја круниса со брак.

Симона одбрала беж фустан со тантела наместо класична бела венчаница, а подоцна се пресоблекла во долг бел фустан со голема црна панделка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simona Halep (@simonahalep)

Фотографиите од церемонијата ги сподели 29-годишната Симона на Инстаграм, каде што ја следат 1,6 милиони луѓе. На венчавката присуствувале семејството и пријателите.

Романските музички sвезди Ден Битман и Лоредана пееја за нив на венчавката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simona Halep (@simonahalep)


Нејзиниот тренер Дарен Кејхил исто така и посака среќа во бракот.

„Честитки и прегратки ви испраќам на двајцата. Вие сте неверојатен пар. Уживајте во прославата со семејството и пријателите“, напишал Дарен на Твитер.

– Ви благодарам на прекрасниот амбиент и прекрасната вечер – им се заблагодарила Симона на организаторите на венчавката на Инстаграм.

Јурук е познат бизнисмен и сопственик на неколку компании. Јурук е Влав по потекло од Македонија. Со Симона се венча по три години врска, а зад себе веќе има два брака.

Симона планирала датум за венчавката веднаш по УС Опен, каде се пласираше во четвртфиналето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот