ФОТО | Тејлор Свифт го наградила својот тим со 197 милиони долари: Член од екипата за малку ќе се онесвестел
Американската пејачка Тејлор Свифт откри во својот документарец „The End of an Era“ дека го изненадила тимот кој работел на нејзината рекордна светска турнеја „Eras Tour“, доделувајќи бонуси во вкупен износ од 197 милиони долари.
Препорачано
Овој гест, кој ги опфати продукцискиот тим, асистентите, танчарите, музичарите и техничарите, се случил по завршувањето на турнејата во декември 2024 година. Покрај финансиските бонуси, Свифт подготвила и рачно напишани писма со благодарност, што изненадило многу членови од тимот и предизвикало силни емотивни реакции.
Во новата документарна серија „The End of an Era“, Свифт откри еден од трогателните моменти кога ги изненадила членовите на својот тим со бонуси и лични пораки. Втората епизода од серијата, објавена во петокот, прикажува како пејачката подготвувала подароци за секој член од екипата на крајот од секоја фаза од турнејата.
„Денот за бонуси е многу важен, бидејќи ми е важно да поставам стандард. Луѓето кои работат на турнејата, ако турнејата заработи повеќе, добиваат и поголем бонус“, изјави Свифт додека ги подготвувала писмата за својот тим.
View this post on Instagram
Иако точниот износ на бонусот по член не беше откриен, документарецот ги прикажа нивните реакции. Меѓу нив е и снимка од продукцискиот асистент Макс Холмс, кој видно шокиран го отворил пликото од Свифт.
„Ова е … мислам дека ќе се онесвестам“, изјавил Холмс.
Во друг дел од документарецот, Свифт лично им ги врачила бонусите на членовите на сценскиот тим, вклучувајќи ги танчарите и бендот. Додека ја читаше својата порака, танчарот Камерон Саундерс гласно прочита:
„Драг Кам, патувавме низ светот токму како што планиравме. Ја воодушевувавме публиката, но ја пропуштавме и нашата фамилија. Мојата целосна благодарност не може да се измери со пари, но еве (одреден износ) само за да кажам – благодарам. Со љубов, Тејлор.“
Останатите членови на тимот не ги криеле емоциите, а многумина заплакале од среќа кога дознале за бонусите. Свифт прегрна голем број од нив, покажувајќи колку ѝ значи нивната посветеност и труд.
Традицијата на доделување бонуси започна во август 2023 година, кога Свифт му додели повеќе од 55 милиони долари на својот тим по северноамериканскиот дел од турнејата. Меѓу нив беа и возачите на камионите кои ги превезуваа сценските сетови, при што секој од нив доби по 100.000 долари.
„Таа дава суми што им го менуваат животот на овие луѓе. Многу од овие возачи не се сопственици на домови, а ваков износ им овозможува да купат куќа. Тоа е она што најмногу ме радува. Нејзината великодушност навистина менува животи“, изјави Мајк Шеркенбах, сопственик на транспортна компанија.
За време на турнејата „Eras Tour“, Тејлор Свифт одржа 149 концерти во 53 града на пет континенти. Според податоците на „Њујорк тајмс“, турнејата остварила приход од 2,077 милијарди долари од продажба на билети, а се проценува дека продажбата на придружни производи ќе донесе дополнителни 400 милиони долари.


