ФОТО | „Те избрав тебе“: Филип Живојиновиќ со трогателни зборови покажа колку е горд на Александра Пријовиќ по спектаклот во Сараево
Српската музичка ѕвезда Александра Пријовиќ синоќа го одржа својот прв концерт во Сараево, во Зетра.
Препорачано

Прија на босанската публика и приреди вистински спектакл, а истото ќе се повтори и денеска, 29 ноември, но и утре.
Александра од првите редови ја бодреле мајка и, татко и, бабата и дедото, синот Александар, како и свекорот Боба Живојиновиќ и деверот Виктор, а сега се огласи и Филип Живојиновиќ кој на сите им покажа колку е горд на својата сопруга.
– Филип, ти благодарам, без тебе ова немаше да го направам. Мамо, тато, баба, дедо, Бобо, Виктор, ви благодарам – рекла Александра и испратила бакнеж во публиката.
Филип објави видео додека Прија ја пеела песната „Девет животи“, чиј автор е тој, а потоа напишал:
– Јас те избрав тебе…

Александра во текот на концертот го извела на сцената синот Александар и притоа заплакала.
Џибони проговори за здравствените проблеми: Двапати ме оперираа, се прашував како ќе преживеам
ФОТО | Лепа Брена ужива на геј свадба! Венчавката на Србин и Хрват била во Палма де Мајорка


