Татјана Лазаревска / Фото: Инстаграм/Татјана Лазаревска

ФОТО | Татјана Лазаревска го покажа домот во Мелбурн, ја чекаше изненадување

Татјана Лазаревска го покажа домот во Мелбурн, Австралија, каде што ја чекаше специјално изненадување откако со сорпугот Новица Василевски се врати од Америка.

Фолк-пејачите беа во САД на настап за Нова година и на мини турнеја, а за тоа време, во нивниот дом во Австралија ги чекаше Снежана, мајката на Татјана која е дојдена на гости од Скопје. Таа ја пречека ќерка си со изненадување кога се врати дома, со цвеќе.

„Човек е благословен кога ќе си дојде дома, а мајчичка со бакнеж и со цвеќе го пречекува. Да си ни жива и здрава Нане наша“, напиша фолк-пејачката на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Татјана Лазаревска

Сликите кои ги објави, го покажуваат домот на Татјана и Новица во Мелбурн, особено убавиот двор и затворената тераса со телевизор. На објавата на Татјана коментираше Маријана Новачевска, сестрата близначка на Росана Сариќ – Тодоровска која долги години живее во Мелбурн и е блиска пријателка со Татјана.

„Да не ти кажувам колку кафиња испивме со мама Снеже без тебе Тањче. Добродојдовте домче“, напишала Маријана.

„Со оглед на тоа дека на оваа страна од светот сега е лето, празничната атмосфера е малку различна, па на пример, Дедо Мраз е во костим за капење. Па така, тука сè е некако летно и опуштено. Мелбурн е преубава метропола и сјае во полн сјај за божиќните и новогодишните празници“, рече Татјана Лазаревска во новогодишно интервју за „Слободен печат“.

Таа и Новица имаат двајца возрасни синови, Петар и Стефан.

Интервју со Татјана Лазаревска, фолк пејачка: Во Австралија сега е лето, па Дедо Mраз е опуштен во костим за капење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот