ФОТО | Тања Кочовска „го спакува“ внукот во чанта: Актерката ужива во новата улога како баба на Јоаким

Фото: Принтскрин .- Инстаграм

Нашата позната актерка Тања Кочовска пред 3 месеци на својот фејсбук-профил сподели среќна вест дека нејзиниот син Александар, станал татко.

„Да бе дааа… Бабааа. Предраг дедооо. Јоаким се роди“, напиша тогаш актерката во нејзин стил споделувајќи дека таа и нејзиниот сопруг, актерот Предраг Павловски добиле две нови улоги, баба и дедо.

Тања веќе три месеци ужива во улогата на баба, а тоа ни го покажа и со нејзината најнова фотографија. Актерката на својот фејсбук профил сподели фотографија со внукот кој удобно го сместила во нејзината чанта. Баба Тања и Јоаким побегнаа од скопските горештини и моментално уживаат во скриената убавина на Струга, Елен Камен.

Да потсетиме, синот на Тања Кочовска се ожени кон крајот на февруари оваа година. Александар ја побарал Моника за сопруга во ноември, на местото каде што ја запознал, а на фотографијата што ја сподели со новата сопруга шеговито напиша „Game Over“ – „Играта заврши“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот