ФОТО | Сузана Манчиќ позираше со ќерка ѝ, сите ја споредуваат со Анџелина Џоли

Instagram

Српската ТВ-водителка и некогаш најпознатата лото-девојка Сузана Манчиќ (65), на својот инстаграм профил се пофали со фотографија на која позира со пријателката и ќерката во еден белградски ресторан.

Фото: Наталија и Теодора/Инстаграм/Принтскрин

Имено, Сузана во јавноста сака да зборува за своите ќерки, додека не ѝ е навика да објавува нивни фотографии. Сузана и двете ќерки Теодора и Наталија во бракот со Небојша Куниќ. Наталија е помлада и токму таа позира со мајка си во новата објава.

„Мадера е место за најубави средби“, напишала Манчиќ во описот под фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

Атрактивната русокоса Наталија обожавателите на социјалните мрежи често ја споредуваат со холивудската актерка Анџелина Џоли. За разлика од нејзината постара сестра Теодора, која е поповлечена и не сака да се појавува во јавноста, Наталија често споделува нови фотографии на својот инстаграм-профил. На тоа му оди во прилог и фактот што таа ја избрала фотографијата како животен повик и во моментот студира на Академијата за уметности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

За љубовниот живот на помладата ќерка на позната лото девојка не се знае многу. Но, затоа е добро познато дека Теодора беше во брак со постар бизнисмен за кого се омажил во Лас Вегас. На Сузана ѝ било жал што не била на венчавката, но неколку години подоцна нејзината ќерка се разведе и се врати во Белград. Сузана едвај го дочека тоа, па откри дека Теодора се вработила во една маркетинг агенција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот