ФОТО | Студио 90: Софистицирана класика во скопски дом на тричлено семејство

Со површина од 110 м² оваа станбена единица располага со две спални соби одвоени со ходник и бања, една работна соба со гостински тоалет, дневна соба, трпезарија, кујна, лоѓија и тераси / Фото: Студио 90 - Марко Костовски

Уредувањето на домот претставува процес на трансформација на просторот  во квалитетен, функционален и современ начин на живот. Насоките и желбите на клиентите се од особено значење но нивната просторна адаптација се работа на архитектот.

Во ова издание претствуваме еден од нашите последни реализирани проекти, станува збор за стан во центарот на Скопје во кој живее тричлено семејство. Состојбата на станот пред реновирањето не овозможуваше задржување или обновување на постоечките материјали и обработки на површини, планирана и реализирана е целосна обнова на просторот.

студио 90 пред и потоа
Лево: Пред / Десно: Потоа

Оригиналниот просторен распоред на станот не претрпе измени, со оглед на тоа дека станува збор за зграда проектирана при крајот на шеесетите години од минатиот век кога архитектите строго се придржувале до тогашните нормативи и правила. Со површина од 110 м² оваа станбена единица располага со две спални соби одвоени со ходник и бања, една работна соба со гостински тоалет, дневна соба, трпезарија, кујна, лоѓија и тераси.

Фото: Студио 90 / Марко Костовски

Реализирани се три интервенции кои се однесуваат на промената на позицијата на внатрешните ѕидови,една  е во родителската соба со цел да се добие доволен простор за поставување плакар, друга е рушењето на ѕидот помеѓу кујната и трпезаријата и третата е продолжувањето на кујната во лоѓијата, односно делот предвиден за термичка обработка на храна.

Фото: Студио 90 / Марко Костовски

Во обработката на внатрешните површини употребени се земјени тонови, природни материјали и текстури. Неутралните тонови предизвикуваат чувство на смиреност и пријатност во амбиентот, а употребата на рефлектирачки материјали ја нагласува просторноста со акцентирање на класичните елементи во современ израз.

Фото: Студио 90 / Марко Костовски

Галерија:

Фото: Студио 90 / Марко Костовски
Фото: Студио 90 / Марко Костовски
Фото: Студио 90 / Марко Костовски
Фото: Студио 90 / Марко Костовски
Фото: Студио 90 / Марко Костовски
Фото: Студио 90 / Марко Костовски
Фото: Студио 90 / Марко Костовски
Фото: Студио 90 / Марко Костовски
Фото: Студио 90 / Марко Костовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот