ФОТО | Студенти на социјални мрежи ги продаваат ваучерите, Јаневска им порача: „Останува на вашата совест“
По објавувањето на повикот за државните ваучери во износ од 15.300 денари за набавка на електронски уреди, социјалните мрежи се преплавија со огласи во кои студентите ги продаваат добиените ваучери. Иако мерката е наменета за набавка на лаптоп, компјутер или таблет, дел од студентите нудат ваучери за продажба по пониска цена.
Препорачано




Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, коментираше дека проектот бил предизборно ветување кое Владата го реализирала, но дека институциите не можат да спречат поединци да ги злоупотребуваат ваучерите.
„Има досетливи студенти кои на разни начини се обидуваат да си го олеснат животот. Ние со тоа не можеме да се справиме. Останува на нивната совест што ќе направат со ваучерите“, изјави Јаневска за време на настан во ДСУ „Партенија Зографски“.
Таа потсети дека 55.000 студенти ќе добијат ваучер, а апликациите преку порталот uslugi.gov.mk се отворени до 20 декември.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


