ВИДЕО+ФОТО | Српските евровизиски претставнички се вистински ураган: Најпопуларни на социјалните мрежи

EPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN
Фото: EPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Српските претставнички на овогодишната Евровизија, групата „Hurricane“, по нивниот настап во втората полуфинална вечер на официјалниот евровизиски Твитер профил, имаат најголем број допаѓања.

„Ураганките“, како што популарно ги нарекуваат во нивната земја, настапија како деветти по ред и со својата енергија ја фрлија публиката во транс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)


Имено, по нивниот настап на официјалниот Твитер профил на Евровизија, се појави твитот: „RAM BA BA BAM!“, што е дел од рефренот на песната „Loco Loco“, што вчеравечер ја изведоа Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ со која се пласираа во големото финале.

Настапот на групата Hurricane е најгледан на платформата ЈуТјуб, што го потврдија и организаторите на Евровизија.

„Ви благодарам што го направивте овој инспириран „твит“ најслушан вечерва“, стои во изјавата на организаторите на овогодишниот избор за песна на Евровизија.

Аранжманот на песната е дело на нашиот Дарко Димитров во соработка со Немања Антониќ. Димитров моментално е во Ротердам како поддршка на „Hurricane“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот