Дејвид и Викторија Бекам со семејството во Париз / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Среде драмата со Бруклин: Семејството Бекам ја поддржа Викторија која доби витешка титула во Париз

Дејвид и Викторија Бекам се појавија за првпат јавно во Париз, откако нивниот син Бруклин даде шокантни изјави за семејните несогласувања. Двојката заедно со своите деца покажа дека цврсто стојат, и покрај тензиите во семејството. Тие беа фотографирани пред Министерството за култура во Париз, пренесуваат странските медиуми.

Дејвид носеше црно одело и вратоврска, додека Викторија блескаше во елегантен црн фустан со висок прорез и потпетици. Со нив беа и нивните деца: ќерката Харпер и синовите Круз и Ромео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Семејното обединување доаѓа во особено значајно време за Викторија, која доби престижна француска награда – титулата Витез од редот на уметноста и книжевноста.

Поранешната членка на групата „Спајс грлс“ со тоа се приклучува на истакната група светски познати културни имиња, меѓу кои се Зои Салдана, Селена Гомез, Денис Вилнев и Џуд Ло.

Ова признание го доделува француското Министерство за култура на лица кои дале исклучителен придонес во уметноста и културата.

Викторија и Дејвид Бекам се „смртно исплашени“ за синот Бруклин: „Тој ќе остане на просјачки стап“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот