ФОТО | Спектакуларна роденденска забава: Мик Џегер славеше со поранешната и сегашната жена

Фото: Profimedia

Легендарниот пејач Мик Џегер, својот 80-ти роденден го прослави со спектакуларна забава во познатата градина „Челзи физик гарден“ (Chelsea Physic Garden), во југозападен Лондон заедно со неговите најблиски пријатели и многу познати личности, пишува „Дејли мејл“.

Мик Џегер Фото: DT / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Докажувајќи дека сите добро се сложуваат, на забавата на фронтменот на „Ролинг Стоунс“, му се придружија неговата поранешна сопруга Џери Хол (67), која беше со него 22 години и неговата сегашна љубов, младата Мелани Хемрик (36), со која неодамна се вери.

Мелани Хемрик Фото: TOT / Goff Photos / Profimedia

Мелани, која се забавува со Мик од 2014 година и со кого има синот Деверо (6), изгледаше провокативно во фустан од тантела. Поранешната сопруга Џери, исто така изгледаше неверојатно, а на забавата дојде заедно со ќерките Џорџија Меј (31) и Елизабет (39). На девојките им се придружи и Џејд (51), ќерката на Џегер од бракот со Бјанка Џегер (78).

Анџелика Хјустон и Џери Хол Фото: Timmie & Dan / Goff Photos / Profimedia
Џорџија Меј Фото: DT / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

На забавата меѓу останатите присутни беа рок ѕвездата Лени Кравиц, режисерот Баз Лурман и сценаристката Џемима Голдсмит. Исто така, меѓу списокот на гости кои се забавуваа со славеникот, беа Анџелика Хјустон, Ема Вејмут, Дафне Гинис, Либерти Рос, Џими Ајовин, Леа Вуд и Лејди Мери Чартерис.

Лени Кравиц Фото: DT / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia
Леонардо Дикаприо Фото: CRYSTAL PIX / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Роденденската прослава продолжи во ноќен клуб, па Рони Вуд, колегата од бендот, се придружи на ѕвездата и неговото семејство. Наводно, Леонардо Дикаприо го изненадил славеникот, пеејќи му „Среќен роденден“ на славеникот, заедно со Лени Кравиц.

Рони Вуд и сопругата Фото: DAT / Goff Photos / Profimedia

Во текот на прославата, Џегер обезбедил неограничени бесплатни пијалоци за гостите, сите танцувале и пееле до раните утрински часови. Според извори блиски до рокерот, на забавата имало голема чоколадна роденденска торта и егзотични танчерки кои дополнително ја „оживеале“ забавата.

Фото: TOT / Goff Photos / Profimedia

Инаку, во пресрет на јубилејниот роденден, вереницата на Џегер, објави емотивна роденденска порака на Инстаграм. „Среќен роденден љубов моја“, напиша таа фотографија од парот како се гушка.

Фото: Instagram/ melhamrick

На својот Инстаграм профил,  Џегер со фотографија, се заблагодари на сите за честитките и убавите роденденски желби.

Фото: Instagram/ mickjagger

Годините не му можат ништо: Најстарата британска рок ѕвезда, Мик Џегер слави 80-ти роденден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот