ФОТО | Собирала снешковци 50 години, а кога починала сопругот во нејзина чест направил божиќно село
Кети собирала декоративни снешковци сè до својата смрт во септември, на 73-годишна возраст, поради компликации поврзани со дијабетес. Во нејзин спомен, сопругот од колекцијата направил изложба.
Половина век Кети Ален Данкан од Канзас градела свој мал зимски свет, собирајќи снешковци и секоја година го приширувала своето „божиќно село“ во својот дом. По нејзината смрт, сопругот решил таа традиција да ја сподели со другите и ја претворил нејзината животна страст во јавна изложба која денес носи радост на целата заедница.
Препорачано
Кети Ален Данкан првпат составила мало божиќно село од снешковци во 1974 година, кога со сопругот Роберт „Так“ Данкан се вселила во нивниот прв стан. Таа едноставна празнична декорација станала традиција што ја негувала во следните 50 години, сè до нејзината смрт во септември, на 73 години, поради компликации поврзани со дијабетес.
View this post on Instagram
Колекција што растела цел живот
Љубовта кон снешковците, или „снежните луѓе“, како што сакал да ги нарекува нејзиниот сопруг, била добро позната на сите што ја познавале Кети. Со текот на годините, колекцијата постојано растела бидејќи семејството и пријателите често ѝ подарувале нови фигури. На крајот, во нивната гаража имало дури шеесет големи кутии полни со снешковци.
„Едноставно ги обожаваше. Ѝ носеа радост“, се присетува Данкан.
Спомен зачуван во божиќно село
По нејзината смрт, Данкан решил да ја изложи целата колекција која содржела повеќе од илјада снешковци во трговскиот центар „West Ridge Mall“ во нивниот роден град Топека, во сојузната држава Канзас. За првпат сите снешковци се нашле на едно место, наредени во големо снежно божиќно село со назив „Снежните луѓе на Кети Ален Данкан“.
View this post on Instagram


