Антониа Гиговска роденден - Фото: Инстаграм

ФОТО | Со букет од 101 роза и блескав прстен, Роберт повторно ја запроси Антониа Гиговска на нејзиниот јубилеен 25. роденден

Антониа Гиговска својот 25-ти роденден го одбележа со гламурозна прослава во еден скопски локал, опкружена со најблиските, но вечерта доби и посебна романтична нота која никој не ја очекуваше. Прославата беше организирана со прецизно осмислен дрес-код, сите гости облечени во бело, додека просторот беше украсен во елегантни тегет нијанси, со многу свеќи, цвеќе и балони. Во ист стил беше и роденденската торта, која совршено се вклопи во амбиентот.

Антониа Гиговска роденден – Фото: Инстаграм
Антониа Гиговска роденден – Фото: Инстаграм

За оваа пригода, пејачката избра долг бел фустан со впечатливи детали, со кој ја истакна својата витка линија. Антониа блескаше цела вечер, пеејќи и танцувајќи со насмевка, додека во заднината се слушаа и дел од нејзините хитови.

Антониа Гиговска роденден – Фото: Инстаграм

Меѓу гостите беа нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски, неговиот брат Александар со сопругата, братот на Антониа, како и блиски пријатели и соработници, стилистите Марјан Петров и Викторија Бурсаќ, ТВ-презентерот Спасе Јовановски – Рола до Бола и уште многу други.

Антониа Гиговска роденден – Фото: Инстаграм
Антониа Гиговска роденден – Фото: Инстаграм

Но, кулминацијата на вечерта беше кога Роберт приреди изненадување кое ги разнежи сите присутни. Со кутија полна срциња, блескав прстен и букет од 101 роза, тој повторно ја запроси Антониа.

Антониа Гиговска роденден – Фото: Инстаграм
Антониа Гиговска роденден – Фото: Инстаграм

Инаку, парот веќе го има синот Киан (2), а нивното прво запросување се случи во 2023 година, кога заедно ја споделија веста дека ќе станат родители.

Антониа неодамна истакна дека и двајцата одлично се снаоѓаат во родителската улога и дека токму Киан е она што ѝ дало нова смисла на животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот