Снег на улиците на Скопје - 21,01,2026 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Снег на улиците на Скопје - 21,01,2026 - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ФОТО | Скопските комуналци фрлаат сол и го чистат центарот на Скопје

Од ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ информираат дека нивните екипи започнале со машинско и рачно чистење на поголемите улици и тротоари во сите скопски општини, а оттаму велат дека се чистат и плоштадите во најстрогиот центар на градот, велат од претпријатието.

„ЈП Комунална  спроведува активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот. Активности за расчистување на снегот и мразот беа реализирани и во централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, како и Старата чаршија“, велат од „Комунална хигиена“.

Снег на улиците на Скопје - 21,01,2026 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Снег на улиците на Скопје – 21,01,2026 – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Оттаму додаваат дека се фрла сол на сите пешачки патеки и тротоари на мостовите „Гоце Делчев“, „Слобода“ и на сите останати пешачки мостови.

Скопје како лизгалиште, а Ѓорѓиевски тврди дека сѐ е под контрола

Исто така, скопските комуналци го расчистуваат реонот околу Градската болница, Владата и Собранието на Македонија.

Фото: ЈП „Комунална хигиена-Скопје“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот