Мис Франција 2026 - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ФОТО | Скандал во Франција: Две мисици останаа без титулите откако ги навредувале учесничките на националниот избор за Мис 2026

Мисиците Џули Зитуни (Мис Прованса) и Аинхоа Лахитете (Мис Аквитанија)  од Франција ги загубија своите титули откако на социјалните мрежи се појави приватен видеозапис во кој упатуваа навредливи коментари за 12‑те финалистки на изборот за Мис Франција 2026.

Според извештаите, во видеото, двете мисици го навредуваа изборот и велат дека ѝм пречи одредена група на кандидатки. Еден од нивните коментари гласи: „lles sont toutes des grosses p …“ што во превод значи – сите се големи к***и.

Веднаш по реакциите на јавноста, регионалните комитети на Мис Прованса и Мис Аквитанија, со поддршка од организацијата на Мис Франција, донеле заедничка одлука да им ги одземат титулите.

По ваквиот чекор следело и јавно извинување на двете мисици: Џули преку Инстаграм изјавила дека зборовите биле „непристојни“ и дека сфатила дека биле „неприфатливи“, тврдејќи дека во нејзиниот говор тоа требало да значи „среќни/среќнички“ („veinardes“), но дека грешката е нејзина.

Сепак, тоа не било доволно, комисиите оцениле дека нивното однесување е во „тотална спротивност со вредностите што ги застапуваат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот