ФОТО | Сите очи вперени во неа: Кејт Бланшет се појави во маица од 102 сребрени лажици на премиера на филм
Сите очи беа вперени во Кетрин Елиз Бланшет, попозната како Кејт Бланшет (55) на премиерата на нејзиниот најнов филм „Гранични земји“. Австралиската актерка прошета на црвениот тепих во горен дел од дури 102 сребрени лажици.
Препорачано

Како што можете да видите, Бланшет одлично се подготвила за овој настан во Лос Анџелес. Оваа необична комбинација ја дизајнираше стокхолмскиот бренд „Ходакова“, а Кејт ја комплетираше со црни панталони и потпетици исечени со ситни метални нитни. Единствениот накит што го носеше беше впечатлив прстен со потпис на Луј Витон.

На премиерата во кинескиот театар се појавија и нејзините колеги, како Џејми Ли Кертис, Џек Блек, Кевин Харт и Џина Гершон. Кејт го привлече вниманието и на Џејми Ли Кертис со својот моден избор, која се пошегува дека изборот на облека на Бланшет можеби бил инспириран од ТВ серијата „Мечката“.
Инаку, научно-фантастичната акциона комедија „„Гранични земји“ е базирана на популарната серија видео игри сместена на напуштената планета Пандора, каде луѓето бараат мистериозно богатство.


