ФОТО | Сите гледаа во Никол Кидман – актерката се појави во „гол“ фустан кој ја истакна нејзината фигура
Таканаречениот тренд на „голи“ фустани, иако контроверзен за некои, е незапирлив на црвените теписи сезона по сезона. Од доделување награди до филмски премиери, проѕирните и откривачки кроеви станаа речиси неизбежни.
Препорачано
Никол Кидман носела вакви комбинации и претходно, но на синоќешниот црвен тепих таа му даде на трендот посвеж и поинаков пресврт, пишува „Вог“.
На премиерата на филмот „Марго има проблеми со парите“, Кидман се појави во креација на Скијапарели од есенската колекција 2026. Таа носеше тесен дводелен сет составен од топ со патент и тесно здолниште.

Предниот дел од сетoт беше покриен со бели апликации слични на рибји крлушки, додека ракавите и страните беа направени од проѕирен црн материјал што наликува на најлон. Таа го комплетираше изгледот со црни сандали со ремени од Џанвито Роси и часовник „ортега“. Во споредба со верзијата видена на пистата, здолништето беше подигнато малку повисоко, а ременот беше изоставен.

За гламурозниот изглед се погрижија шминкерката Мери Вајлс, која создаде сјајна подлога и кафеаво-златен чаден ај, и долгогодишниот фризер Адир Абергел. Тој ја стилизираше косата во скулптурална пунџа со подолги прамени што течат по грбот, додека лелеави шишки го врамуваа нејзиното лице.
На црвениот тепих, Кидман позираше со нејзината колешка Ел Фенинг, која исто така се одлучи за изглед директно од пистата. Фенинг избра темно син костум со тенки пруги и двојно гради од колекцијата на Живанши за есен 2026 година.


