ФОТО | Сите ѝ честитаа на Сања од „Брза кујна“: До него никој не може да дојде, а на неа ѝ успеа
До него ретко кој може да дојде, но на Сања Савеска тоа ѝ успеа. Водителката на емисијата „Брза кујна“ објави слика со важен човек.
Препорачано
Станува збор за тенискиот ас Новак Ѓоковиќ, а Сања е првата новинарка од Македонија која успеа да направи интервју со него.
Сања се присети на интервјуто со Ѓоковиќ, сподели заедничка слика и еден негов цитат: „Сѐ е можно. Не давајте никому да ви го одземе сонот. Направете сѐ да најдете една личност која верува во вас, сонувајте и ќе успеете“.
„Во екот на славата да се добие интервју од светски број 1 спортист е веројатно сон на секој новинар, а беше и мој предизвик. За интервјуто со Новак чекав цели две години на одобрување и слободен простор кога тој ќе биде во Србија за да го реализираме. Иако изгубив можеби надеж дека токму мене ќе ми отстапат простор еден ден – ден кој сигурно ќе го паметам целиот живот – ми јавија дека за три дена треба да бидам во Краљево, на Дејвис купот, каде што ќе добијам прво ексклузивно интервју за Македонија од најдобриот тенисер во светот во тој миг“, рече Савеска во едно претходно интервју за „Хибрид“.
По ова интервју, на Сања сите ѝ честитаа.
Таа е позната како упорна и вредна личност. Како мала, таа одела на школо по глума кај легендарниот Димче Мешковски, а во едно интервју за „Слободен печат“ раскажа зошто не станала актерка.
„Јас и немав баш некои предиспозиции да бидам глумица, ниту имав посебен талент. Имав само љубов кон театарот и сфатив дека местото ми е во публиката. Секогаш треба самите да бидеме свесни за своите можности и квалитети. Глумица се раѓа“, изјави Сања.
Интервју со Сања Савеска: Животот не ме галел, но не се жалам, тоа ме направило посилна


