Фото: Инстаграм/Сара Мејс

ФОТО | Синот на Сара Мејс и Димитар Атанасовски наполни три години: „Фала ти што ни го правиш животот најубав!“

Пејачката Сара Костадиновска, позната на јавноста како Сара Мејс, и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, важат за еден од најскладните парови на македонската јавна сцена. Тие се родители на две деца – шестгодишната ќерка Илина и синот Кирил, кој денеска го прослави својот трет роденден.

По тој повод, Сара Мејс сподели фотографии од веселата прослава организирана во една скопска игротека. Темата на роденденот била инспирирана од диносауруси – токму таква била и роденденската торта, а Кирил носел маичка со ист мотив.

Со емоционална порака, пејачката му го честиташе роденденот на својот син.

„Ова детенце, оваа светлина најголема! Фала ти што постоиш и што ни го правиш животот најубав и најсмешен. Ти си едно најубаво нешто што може на човек да му се случи! Најсреќен биди, Кирил, само продолжи да зрачиш, како што и го правиш тоа“, напиша таа на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Сара Мејс
Фото: Инстаграм/Сара Мејс
Фото: Инстаграм/Сара Мејс
Фото: Инстаграм/Сара Мејс
Фото: Инстаграм/Сара Мејс

Интервју со Сара Мејс, пејачка и харфистка: По 8 години брак со Диме станавме помудри и поискусни да не подлегнуваме лесно на проблемите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот