Реал Бетис/realbetisfundacion

ФОТО: Шпански клуб викендов ќе игра во дресови направени од портокал за да испрати моќна порака

Фудбалерите на Реал Бетис на следниот натпревар ќе се појават во несекојдневно издание во зелено-бели дресови направени од кора од портокал и други рециклирани материјали. Со овој потег клубот сака да испрати силна порака за заштита на животната средина, во време кога регионот Андалузија се соочува со екстремни временски непогоди и обилни дождови.

Под слоганот „Животот во зеленило започнува во соседството“, тимот од Севиља го промовираше новиот еколошки дрес, кој ќе го носи на дуелот против Рајо Ваљекано во рамките на 25. коло од шпанското првенство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Forever Green (@byforevergreen)

Од клубот објаснуваат дека станува збор за прв фудбалски дрес изработен со влакна добиени од портокал, со цел да се истакне природното богатство на градот и истовремено да се алармира за порастот на температурите и потребата од похумани и позелени урбани средини. Околу 16 проценти од материјалот е создаден од портокалови влакна, додека останатиот дел е комбинација од рециклиран полиестер и дрвна пулпа.

Посебен впечаток оставаат и броевите на дресовите, тие се во портокалова боја и испечатени со мастило без штетни хемикалии. Интересно е што при допир или гребење се ослободува благ мирис на цвет од портокал, симболично поврзувајќи го спортот со природата.

Од Бетис велат дека целта не е само пораката да се види на теренот, туку и да се почувствува, како потсетник дека борбата против климатските промени започнува од секој поединец и секоја заедница.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Forever Green (@byforevergreen)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот