ФОТО | Шон Пен има нова љубов: Актерот „уловен“ како страсно се бакнува со 40 години помлада девојка
Шон Пен пред две години се раздели од сопругата Лејла Џорџ и оттогаш не престанува да го тешат млади убавици. Сега, актерот е виден како страсно се бакнува со речиси 40 години помлада девојка среде улиците во Мадрид.
Како што пишуваат странските медиуми се работи за Валерија Ницов од Молдавија. Нејзината возраст сè уште не е позната, но се верува дека има дваесетина години. Имено, папараците ги „уловија“ на враќање од ноќно излегување, од каде се упатиле во хотел. Валерија е актерка од Молдавија, а според ИМДБ таа глуми од 2018 година. Досега глумела во некои помали проекти.
Како што пишува „Дејли мејл“, не се знае дали се во сериозна врска, но сигурно е дека не се плашат да ја покажат својата интимност пред јавноста.
Инаку Пен се ожени неколку пати во текот на животот, но очигледно сè уште не ја нашол својата љубов. Од 1985 до 1989 година тој беше во брак со Мадона, а по неа во 1996 година се ожени со Робин Рајт. Нивниот брак траеше до 2010 година, а потоа тој се обиде да ја најде третата среќа со Лејла Џорџ во 2020 година. Од бракот со Робин има две деца, ќерката Дилан и синот Хопер.
Минатото лето тој беше виден со актерката Олга Коротјаева, но нивната врска брзо се распадна и тој почна да излегува со активистката Натали Кели, која е 24 години помлада од него. Меѓутоа и таа љубов не траеше долго.
ФОТО | Шон Пен сочно ја бакнува 20 години помладата девојка Олга