ФОТО | Шокантна исповед на близначките од вилата „Плејбој“: Имав 19 години кога забременив од Хју Хефнер

Фото: Jon Vidar / Zuma Press / Profimedia

Хју Хефнер почина во септември 2017 година. Не помина ниту една година од неговата смрт, а девојки од целиот свет, како и „зајачиците“ од неговата вила „Плејбој“, во јавноста изнесоа грозоморни обвинувања за силување и малтретирање. Неговата лоша страна ја раскажаа и близначките Кариса и Кристина Шенон, кои 18 месеци му биле девојки на основачот на „Плејбој“. Според законот на Соединетите Американски Држави, тие во тоа време не биле ниту полнолетни.

Фото: Goodfon

Кариса рекла дека абортирала откако дознала дека е забременила од Хју. Таа имала 19, а тој 83. Таа планирала да оди на зголемување на градите кои би ги финансирал Хефнер, а потоа анализите на крвта откриле дека Кариса е бремена.

– Немав сексуални односи со никој друг и тоа можеше да биде само негово бебе. Сакав тоа да го решам што е можно поскоро. Не сакав тој да дознае и никогаш не дозна. Ми се гадеше моето тело и се чувствував како да е вонземјанин во мојот стомак, како ѓаволот да е во мене. Не сакав никој да знае дека носам дете на 83-годишен маж – рекла своевремено за „Сандеј мирор“.

Сестрата Кристина ѝ помогнала да избере клиника во Лос Анџелес и ги убедиле телохранителите на Хефнер да ги остават во продавницата бидејќи одат на шопинг, а потоа повикале пријател да ги земе. Сестрите близначки успеале сето тоа да го задржат во тајност.

Близначките денес имаат 34 години, а биле принудени да спијат со Хефнер кога имале само 19 години, и тоа на нивниот роденден. Тие учествувале во незаштитен групен секс и консумирале многу алкохол.

Хефнер не им останал во убаво сеќавање, па за него рекле дека има „црна душа“ и дека многу девојки кои имале работа со него страдаат од бројни психички проблеми. Тие, исто така, истакнале дека биле среќни кога дознале дека Хефнер починал, бидејќи ниту една друга жена нема да мора да помине низ она што тие поминале.

– Кога умре Хефнер, дел од нас беше тажен, но друг дел од нас помисли: „Во ред, добро, повеќе ниту една жена нема да биде уништена на начин на којшто тој нè уништи.“ Мислев дека „Плејбој“ е едно големо семејство, а сега сум свесна дека тоа беше култ – рекла Кристина.

Таа додала дека Хју се однесувал како да ги поседува.

– Доколку ги прекршевме неговите правила, шест телохранители ќе нè одвлечкаа во соба. Не нѐ пуштаа да излеземе. Тој следеше ранливи млади девојки како нас. Прво ти нуди свет и потоа те држи заробена во куќата, кој беше еден вид златен затвор – додала таа.

Близначките раскажале и дека ги принудувал да го нарекуваат „тато“.

– Бевме наивни. Се сеќавам дека беше многу шармантен. Носеше свилени пижами и влечки со својата црвена наметка. Беше како крал во замок – беше толку моќен. Ми рече: „Еј, дали сакаш да дојдеш да седнеш до мене? Можевме да видиме како другите девојки веднаш стануваа љубоморни – се присетила Кариса.

За нивниот 19-ти роденден ги однел во ноќен клуб и им купил алкохол. Тие рекле дека Хефнер често консумирал метаквалон и дека почнувал да ги допира кога таблетата ќе почнела да делува. Им давал и лекови кои, наводно, требало да им помогнат при анксиозноста, а пушеле и марихуана.

– Прво ни беше ладно, но по извесно време таблетата почнуваше да делува и нè зашеметуваше. Тој цело време повторуваше: „Душо моја, душо моја…“ и нè галеше додека лежевме настрана. Рече да го викаме „тато“. Беше речиси пет наутро кога се вративме во нашата соба таа прва вечер и тогаш се согласиваме во едно – дека тој е ѓавол. Има темна душа и ќе оди во пеколот – рекле сестрите.

Поради траумата што ја доживеале, планираат да го тужат „Плејбој“, а за сето тоа проговориле, бидејќи сакаат луѓето да знаат кој всушност бил Хефнер и што се случувало зад затворени врати.

Фото: Wikimedia Commons

Близначките Шенон во 2023 година одлучиле да се пријават во установа за рехабилитација поради проблемот со злоупотреба на таблети против психички проблеми и користење опојни наркотици. Тие со години ги земале лековите, откако им биле препишани додека живееле во вилата „Плејбој“.

Меѓутоа, многумина ги обвинуваат близначките Шенон поради тоа што не ја напуштиле вилата „Плејбој“, затоа што не биле принудени да останат да живеат во дворецот, туку останале таму заради парите на Хефнер и славата.

Фото: Tony Orlando / Pacific coast news / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот