ФОТО | Северина доби необична покана од поранешниот словенечки претседател: Мислам дека е заинтересирана

Фото: Instagram / borutpahor

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира со добро познатата хрватска пејачка Северина.

Имено, тој ја сретнал пејачката на аеродромот во Франкфурт и го искористил моментот да се фотографира со неа. Под објавената фотографија Пахор открил дека не ја пропуштил можноста да ја покани на својот подкаст.

„Синоќа на аеродромот во Франкфурт ја сретнав Северина, весела и насмеана како и секогаш. Ја поканив да биде гостин на мојот подкаст и сакам да верувам дека ќе биде на снимање на почетокот на следната година. Тоа би било прекрасно. Мислам дека е доста заинтересирана. Ах, убаво“, напиша тој.

Фотографијата воодушевила многу следбеници на поранешниот претседател, па најголемиот дел од коментарите биле позитивни.

„Навистина сте супер, честитки“; „Многу убава фотографија“;„Запознавте исклучителна жена“, се дел од коментарите на неговите следбеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот