ФОТО | Сергеј Трифуновиќ ја објави првата заедничка фотографија со сопругата по инцидентот: „Бејби, те носам на протест“
Срспкиот актер Сергеј Трифуновиќ на својот инстаграм-профил ја објави првата заедничка фотографија со сопругата Исидора Мијановиќ по неодамнешниот инцидент кога актерот ја пријави сопругата за семејно насилство, а кој предизвика големо внимание во јавноста.
Препорачано
„Бејби, те носам на протест. Носи нешто погодно за солзавец“, напишал Трифуновиќ покрај фотографијата со Исидора.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Трифуновиќ ја пријави сопругата Исидора за семејно насилство. Актерот наводно на полицијата им рекол дека се скарал со сопругата и дека ќе го напушти станот, а таа рекла дека ќе искрши сè во домот. Потоа со нив беше извршен разговор во полициска станица, а обвинителот рече дека нема елементи на кривично дело.
Сепак, Исидора плати казната откако против неа беше поднесена прекршочна пријава врз основа на Законот за странци. Казната изнесуваше 170 евра, а горенаведениот закон предвидува казни за непријавување на живеалиште.


