ФОТО | Сергеј и Кристина Ќетковиќ за двете посвоени ќерки:„Ние им бевме судени, тие се родени за нас и ние сме се родиле за нив“

Сергеј Ќетковиќ/Instagram

Пејачот Сергеј Ќетковиќ и неговата сопруга Кристина се еден од похармоничните парови од шоу-бизнисот на Балканов. Тие отворено ги споделуваат своите семејни катчиња и зборуваат за ќерките, Лола и Мила кои ги посвоија.

Кристина Ќетковиќ, која порано беше помалку достапна за јавноста,  сега отворено изјави за своите деца:

„Без разлика што ние не сме ги родиле, ние им бевме судени, тие се родени за нас,  и ние сме се родиле да им бидеме родители. Бог имаше таков план и благодарна сум за тоа“ – вели таа.

Дека е најважна љубовта, а не генетиката сведочи и активната поддршка на Сергеј Четковиќ кој објави  фотографија на која ја поддржува кампањата на Уницеф за посвојување деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SERGEJ ĆETKOVIĆ (@cetkovics)

Сергеј и Кристина во 2010-тата година ја посвоиле малата Лола, а две години подоцна во нивниот дом пристигнала и 4-месечната Мила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SERGEJ ĆETKOVIĆ (@cetkovics)

Кристина вели дека моментот кога девојчињата пристигнале во нивниот дом бил најубавиот миг во нејзините животи. Како што раскажува, Лола била мошне мирно бебе, додека Мила уште од самиот почеток покажала дека е бунтовна.

Парот никогаш не криел од девојчињата дека се посвоени, а велат дека тие биле судени да бидат нивни ќерки. Дури и самите изјавија дека доколку некогаш девојчињата посакаат да ги запознаат своите биолошки родители, тие ќе им бидат поддршка во одлуката.

„Тие две одамна знаат дека се посвоени и тоа е најважно. Нема никакви забранети теми или лаги во нашиот однос. Никогаш и не сме помислиле да скриеме нешто од нив. Тие знаат сè и доколку некогаш посакаат да ги запознаат своите биолошки родители, ние ќе бидеме тука за да направиме сè што е во наша моќ за тоа да се случи.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот