Маја Панчева - Фото: Инстаграм/Маја Панчева

ФОТО | Семеен викенд на море — Ќерките на Маја Панчева ја наследија нејзината убавина

Маја Гроздановска-Панчева на Фејсбук сподели драгоцени семејни моменти со своите ќерки, Надица и Марија. Дека крушата под круша паѓа, најдобар доказ се фотографиите кои деновиве ги сподели нашата позната пејачка.

Маја заедно со своите ќерки, решија да го искористат продолжениот викенд за одмор покрај море.

Маја, Надица и Марија Панчеви – Фото: Инстаграм/Маја Панчева

На фотографиите објавени на социјалните мрежи, со музичка подлога од светскиот хит „For Life“ на Kygo, може да се забележи дека дамите од семејството Панчеви изгледаат беспрекорно.

Маја плени со својата безвременска убавина, носејќи тренди кожна јакна и лежерни панталони во беж нијанса.

Маја Панчева – Фото: Инстаграм/Маја Панчева

Надица и Марија веќе се израснати во вистински убавици кои очигледно го наследиле шармот на нивната мајка, но и харизмата на нивниот татко, фудбалската легенда Дарко Панчев.

Без разлика дали станува збор за семеен ручек или краток викенд покрај брегот, Маја, Надица и Марија секогаш знаат како да го привлечат вниманието со својата непосредност и природна убавина.

Маја Панчева – Фото: Инстаграм/Маја Панчева

Во една прилика, за „Слободен печат“, Маја раскажа за своето секојдневие.

„Најчесто ручаме дома, бидејќи ретко се случува да немам подготвено ручек, а доколку немам, сите заедно одиме некаде да јадеме. Додека трае ручекот, секој од нас раскажува како му поминал денот и на тој начин ги зајакнуваме семејните врски. По ручекот следува мал период на одмор, а потоа, како и секоја жена, ги завршувам преостанатите обврски во домот“, рече пејачката.

Периодов, таа е посветена на здравиот начин на живот и често споделува фотографии и видеа од сала за вежбање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот