ФОТО | Проблеми во рајот: Селена Гомез престанала да ја следи најдобрата пријателка откако таа вечерала сама со Бени Бланко
Селена Гомез предизвика бура од реакции на социјалните мрежи со еден потег. Нејзините обожаватели забележале дека таа престанала да ја следи една од нејзините најдобри пријателки, Тереза Мари на Инстаграм.
Препорачано
Последниот пат кога Тереза објави фотографија со Селена беше на 10 март, кога двете беа на забава заедно со нивната пријателка Ана Колинс. Тереза наводно сè уште ја следи пејачката, а се чини дека и свршеникот на Селена, Бени Бланко, би можел да биде вмешан во целата приказна.

Според „Дејли Мејл“, фановите наводно ги виделе Тереза и Бени како вечераат заедно. Набрзо почнале шпекулациите која била причината за нивната средба, а некои се исплашиле дека врската меѓу Бени и Селена е во неволја и дека има „проблеми во рајот“. Други пак истаканле дека можеби планирале изненадување за пејачката.
Да потсетиме, Бланко и Гомез ја објавија својата веридба во декември, една година откако јавно ја потврдија својата врска. Бланко е реномиран продуцент кој соработувал со музичари како Ед Ширан, Еминем, Џастин Бибер, Кети Пери, Кристина Агилера, Бритни Спирс, Ријана, Сиа, Канје Вест, Аријана Гранде и мнгу други.


