ФОТО | Рекорд: Родено е „најстарото“ бебе на светот од ембрион зачнат пред 30 години
„Најстарото бебе“ во светот е родено од ембрион кој бил замрзнат пред повеќе од три децении. Имено, Тадеус Даниел Пирс дојде на свет на 26 јули откако Линдзи и Тим Пирс од Охајо посвоија ембрион замрзнат во 1994 година минатата година.
Препорачано
Во 1994 година, двајцата сè уште не оделе основно училиште.
„Не влеговме во тоа мислејќи дека ќе срушиме рекорди. Само сакавме да имаме бебе“, изјавила Линдзи за„Ем-Ај-Ти Текнолоџи Ривју“ (MIT Technology Review).
Претходниот рекорд за најстаро бебе го држеа близнаци родени во Орегон во 2022 година, кои се родени од ембриони замрзнати 30 години претходно.
Exclusive: A record-breaking baby has been born from an embryo that’s over 30 years old https://t.co/F0gLtfVPVc
— MIT Technology Review (@techreview) July 29, 2025
Ембрионот на Тадеус првично бил создаден за време на ин витро оплодување (ИВФ) за Линда Арчерд и нејзиниот тогашен сопруг, кои се бореле да добијат дете. Процесот резултирашлсо создавање на четири ембриони. Еден беше имплантиран во матката на Линда и резултирал со раѓање на ќерка, која сега има 30 години и самата е мајка на 10-годишна ќерка.
Останатите три ембриони беа задржани. Процените покажуваат дека милиони, можеби десетици милиони ембриони се замрзнуваат низ целиот свет како резултат на вишокот од процедурите за ин витро оплодување, кои произведуваат многу повеќе ембриони отколку што можат да се имплантираат.
Откако се разведе од сопругот, на Линда ѝ беше доделено старателство над ембрионите. Години подоцна, таа дознала за посвојување на ембриони, форма на донација што обично ја организираат христијанските агенции во САД, и се согласила да ги предаде.
Првото успешно раѓање преку ин витро оплодување се случило во 1978 година.
Ембрионите се распределуваат во програма за ембриони „тешки за имплантација“, обично затоа што се чуваат долго време или се смета дека имаат помала веројатност да резултираат со здраво раѓање од други причини.
Линдзи и Тим Пирс аплицираа за истата програма. Пред тоа, тие се обидуваа да имаат дете седум години.
„Беше тешко породување, но сега и двете сме добро“, рече Линдзи. Клиниката за плодност каде што беше имплантиран ембрионот ја води Џон Гордон, репродуктивен ендокринолог кој работи на намалување на бројот на складирани ембриони.
„Имаме одредени принципи, а тие произлегуваат од нашата вера. Секој ембрион заслужува шанса за живот, а единствениот ембрион што не може да резултира со здраво бебе е ембрион на кој не му е дадена шанса да биде префрлен кај пациент“, изјавил Гордон.
Првото успешно раѓање преку ин витро оплодување се случило во 1978 година, кога Луиз Браун се родил во Велика Британија. Овој настан означи пробив во репродуктивната медицина и го отвори патот за милиони раѓања низ целиот свет со користење на оваа техника.


