ФОТО | Сара Мејс и Димитар Атанасовски на семеен одмор во Грција: Пејачката никогаш не изгледала олку добро!

Македонската пејачка Сара Костадиновска, позната како Сара Мејс и популарниот телевизиски водител Димитар Атанасовски овие летни денови одмораат на живописниот грчки полуостров Пелопонез, во друштво на своите две мали дечиња – шестгодишната ќерка Илина и тригодишниот син Кирил.

Пејачката сподели галерија од семејната авантура, исполнета со уживање на песочните плажи и моменти за паметење.

Фото: Инстаграм/Сара Мејс
Фото: Инстаграм/Сара Мејс
Фото: Инстаграм/Сара Мејс
Фото: Инстаграм/Сара Мејс
Фото: Инстаграм/Сара Мејс
Фото: Инстаграм/Сара Мејс
Фото: Инстаграм/Сара Мејс
Фото: Инстаграм/Сара Мејс

Објавата од нивниот одмор предизвика голем број позитивни коментари на социјалните мрежи. Она што посебно го привлече вниманието е одличниот изглед на Сара, која воодушеви со неколку фотографии во бикини.

Фото: Инстаграм/Сара Мејс
Фото: Инстаграм/Сара Мејс

Во интервју за „Слободен печат“, Сара неодамна изјави дека мајчинството стопроцентно ја променило.

„Речиси ништо не остана од старата Сара. Остана суштината, секако љубовта и секогаш спремноста да се гине за работите што се сакаат, но ме научи на многу важни работи, како на пример, уште повеќе да си го почитувам времето, спокојот. Не се опишува начинот на кој те менува мајчинството, тоа е една магија што е индивидуално патешествие и може да се разбере само кога ќе се доживее“, изјави таа за нашиот медиум.

Сара и Димитар се во брак речиси една деценија, од 2017 година, а пејачката вели дека функционираат така што се договараат околу сè.

„Функционираме со договор, разговор, многу разбирање и желбата да ни е добро на двајцата, а не едниот да гине, а другиот да се лади. Секогаш ги делиме обврските колку можеме поудобно за двајцата и на начин што во тој даден момент ќе функционира добро за двајцата, односно четворицата. Зависи, нели, во каков хаос сме, зошто кај нас не е од 8 до 16 часот работата, туку во различни периоди имаме различни обврски“, изјави пејачката за „Слободен печат“.

Интервју со Сара Мејс, пејачка и харфистка: По 8 години брак со Диме станавме помудри и поискусни да не подлегнуваме лесно на проблемите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот