ФОТО | Руперт Мардок ќе се жени по петти пат на 92 години

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Деведесет и две годишниот медиумскиот магнат Руперт Мардок се сврши со 25 години помладата девојка Ен Лесли Смит, само седум месеци откако се разведе од поранешната сопруга, манекенката Џери Хол (66).

Ова ќе биде веќе петти брак за Мардок. Претходно беше во брак со убавицата Џери Хол (поранешна сопруга и на Мик Џегер), претприемачката Венди Мардок (54), новинарката Ана Мардок Мен (78) и стјуардесата Патриша Букер.

Мардок ја запросил Ен со скапоцен дијамантен прстен во петокот, на 17 март.

„Бев многу нервозен. Се плашев од вљубување, но знаев дека ова ќе ми биде последно. Подобро да биде. Среќен сум“ – изјави Мардок за „New York Post“.

Двојката планира да се венча во текот на летото. Мардок додаде дека ѝ двајцата се среќни и дека со радост чекаат да го поминат вториот дел од животот заедно.

Медиумскиот магнат Руперт Мурдок и Џери Хол се разделуваат

За разлика од Гејтс и Безос, Џери Хол ќе добие само мал дел од „колачот“ по разводот со Руперт Мардок

Џери Хол е девојката која најдолго го „задржа“ Мик Џегер: Манекенката била инспирација за култната песна на Ролинг Стоунс „Miss You“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот