Ченинг Тејтум и Инка Вилијамс - Фото: PLANET PHOTOS / Planet / Profimedia

ФОТО | Романтика и бакнежи: Ченинг Тејтум разменува нежности со 19 години помладата девојка на плажа

Актерот Ченинг Тејтум (45) и манекенката Инка Вилијамс (26) поминаа романтичен ден на плажа во Костарика, објави „Пејџ сикс“. Парот е во врска скоро една година, а на социјалните мрежи често споделуваат заеднички моменти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

Тие беа фотографирани како се бакнуваат и забавуваат во морето. Тејтум носеше темни шорцеви и црна капа, додека Вилијамс беше во црн костим за капење. За време на пливањето, парот разменуваше нежности и бакнежи.

Првите гласини за нивната врска се појавија во февруари 2025 година, кога заедно се појавија на забавата пред доделувањето на Оскарите во Лос Анџелес. Врската започна неколку месеци по прекинот на Тејтум со поранешната вереница Зои Кравиц во октомври 2024 година, по тригодишна врска.

Исто така, Тејтум и поранешната сопруга Џена Деван се разведоа во 2024 година и заедно ја имаат ќерката Еверли (12).

Тејтум и Вилијамс ја потврдија својата врска јавено на Инстаграм во април 2025 година. Во септември истата година, тие се појавија на црвениот тепих за првпат заедно на премиерата на филмот „Demon Slayer: Infinity Castle“, заедно со Еверли, каде што Тејтум го позајми својот глас за англиската верзија на филмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот