ФОТО | Романтична глетка: Милош Биковиќ и сопругата си разменија бакнежи во јавноста

Фото: Инстаграм/Ивана Малиќ

Популарниот српски актер Милош Биковиќ неодамна стана татко, неговата избраничка Ивана Малиќ роди син, кој гордите родители го крстија Василије.

Ивана често знае да сподели моменти од нивниот секојдневен живот на социјалните мрежи, па со неколку фотографии покажа дека во моментов среќниот пар е на патување, каде уживаат во убавините на Русија.

Тие не ја кријат среќата и заемната љубов. Доказ за тоа е последната фотографија која Ивана ја објави на својот инстаграм-профил, на која позира со Милош, додека се на прошетка со нивниот син.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Имено, актерот и неговата поубава половина позираа на улица и раз во јавност, а оваа романтична сцена, која докажува колку се сакаат, ги воодушеви сите, па позитивните коментари не престануваа.

Да потсетиме, Ивана се породи во приватна болница во Белград, а истиот ден Милош се огласи на својот инстаграм-профил. Актерот сподели фотографија со која потврди дека има наследник.

ФОТО | „Некои важни работи“: Милош Биковиќ ја објави првата фотографија со синот Василије

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот