ФОТО | Ристовски не е во репрезентацијта, но навива за пласман на Мундијал: Испрати порака по ремито со Белгија

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера успеа и вторпат во овој циклус да ремизираа со силната Белгија,, сега и на гостински терен каде што одигравме 0-0.

Ова реми ја остави Македонија на лидерската позиција во групата, но со натпревар помалку во однос на Белгијците и Велс. Сепак, мундијалскиот сон за Македонија и понатаму живее, а на социјалните пораки кратка, но јасна порака испрати Стефан Ристовски.

Ристовски кој поради конфликт со селекторот Милевски одлучи да се повлече од репрезентацијата се огласи преку неговиот Инстаграм профил порачувајќи дека Македонија треба да издржи до крај.

Фото: Stefan Ristovski/Instagram

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот