ФОТО: Ријана има милиони, но не се грижи за гламурот

epa-efe
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Светската музичка ѕвезда Ријана се почесто избира негламурозни модни изданија со кои и тоа како привлекува внимание кај јавноста, а сега истото го направи и на прославата по повод доделувањето на Оскарите.

Иако во гардероберот има фустани кои чинат илјадници долари, Ријана се одлучи да се појави во несекојдневно издание.

Со оглед на тоа дека и самото доделување на Оскарите се одржа во сосема поинаков амбиент и атмосфера, Ријана очигледно не посака да заблеска во гламурозен фустан во кој „се стокмија“ останатите славни личности. Напротив, таа на познатата оскаровска забава дојде во сосема лежерен аутфит.


Во хотелот „Sunset“ каде се одржа оскаровската забава, додека ѕвездите блескаа во раскошните ткаенини и фустани, Ријана се појави во фармерки, маица со натпис и широка јакна, со марама на главата и жолни очила.


Многумина на социјалните мрежи ја поддржаа велејќи дека оваа година воопшто не е за славење и докажување, но исто така голем беше и бројот на оние кои ја искритикуваа, велејќи дека со облеката не покажала почит кон сите ѕвезди кои се појавија на Оскарите и самата гламурозност на церемонијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот