ФОТО | Ретка заедничка слика на Сања и Слаткар, имаат посебен повод за радост
Сања Николиќ ретко објавува приватни фотографии на социјалните мрежи, но овојпат направи исклучок и објави убава фотографија со својот сопруг, Марко Маринковиќ – Слаткар.
Препорачано
Сања и Слаткар се фотографираа заедно на манифестацијата Златна бубамара на популарноста, насмеани и седнати во првиот ред. Претходно таа објави и фотографии од себе од една реклама за накит, а многумина коментираа дека изгледа одлично, како во 2000 година кога ја понесе титулата Мис на Македонија.

Слаткаристика и Калиопи на Златна бубамара ја добија наградата за песна на годината за песната „Води ме“, а Сања и овој момент го сподели на социјалните мрежи. Таа е многу горда на својот сопруг и му е голема поддршка.
Пред крајот на 2025 година, Сања на Слаткар му посвети емотивна објава на Инстаграм. Сања, која поретко е активна на социјалните мрежи, тогаш имаше добар повод за тоа.
Таа ја објави песната на Слаткар „Ѓ-ѓа Сара“, која е всушност продолжение на приказната од неговиот стар хит „Сара“, и напиша: „Само он може вака да раскаже. Литературно четиво!“
Слаткаристика, инаку, пред крајот на 2025 година го објави новиот албум со пет песни, на кој гостуваат Калиопи, Пајак и раперот од Америка Оби Трајс.
Да потсетиме, Сања Николиќ и Слаткар се во брак од 2014 година и го имаат синот Моша, кој во април ќе наполни шест години. Слаткар ја побара Сања за жена во песната „Кажи да“, која и денес е еден од неговите најголеми хитови. Потоа, во Венеција заедно го снимаа спотот за песната „Луда романтика“.
Николиќ е Мис на Македонија за 2000 година, а нивното запознавање се случи на една Златна бубамара на популарноста, кога мисицата го поздрави раперот од сцената во Универзалната сала и му рече да ја прифати за пријател на Фејсбук.
ФОТО | Слаткар и Сања Николиќ прославија 10 години брак: „Ќе те љубам засекогаш – силно и искрено“


