ФОТО | Разменија страсни бакнежи на плажа: Трејлор Свифт и Тревис Келси уживаа на прекрасните Бахамски Острови

Фото: MEGA / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Американската музичка ѕвезда Тејлор Свифт (34) и нејзиното момче Тревис Келси (34), кој е познат играч на американски фудбал, избегаа од секојдневните обврски и отидоа на одмор на Бахамските Острови.

Пејачката и спортистот биле забележани како се сончаат на една од прекрасните плажи, а потоа и како разменуваат нежности додека пливале.

Фото: MEGA / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Свифт го покажа своето витко тело во жолт дводелен костим за капење, кој го искомбинира со црни очила за сонце. Келси, пак, носеше сини шорцеви за капење.

Фото: MEGA / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Еден ден пред нивното романтично време на плажа, парот беше виден како шета покрај морето.

Фото: MEGA / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Да потсетиме, Тејлор Свифт неодамна ја заврши меѓународната етапа од нејзината концертна турнеја „Ерас“, настапувајќи во Токио, Австралија и Сингапур на почетокот на 2024 година. Таа ќе продолжи со концерти во мај, почнувајќи од Париз.

Тревис Келси ѝ беше силна поддршка на Свифт на нејзината турнеја, но и таа е негова поддршка во кариерата. Таа ги следеше неговите натпревари, а неговиот клуб, Канзас Сити Чифс, го освои Суперболот по третпат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот