ФОТО | Разговор со Вики Димчевска и Бранко Дудуковски: Малешевска Аронија e дефиниција за 100% органски планински хедонизам

Фото: Приватна Архива

Вики Димчевска вели : „Секој успех почнува со добар план “- добар план за една цел е гаранција за успех. Аронијата е почеток на нов добар план, во неа видов голем потенцијал – Суперхрана за нова цел во моето менаџерско работење во овие 11 години. Аронијата гарантира успех, бидејќи е моќен 100% природен антиоксидативен лек во 21-виот век

Разговараме со Вики Димчевска, промоторка и менаџерка на „Малешевска аронија“ и со господинот Бранко Дудуковски, основоположник на брендот. Димчевска е успешна, амбициозна, урбана млада жена од Скопје, амбасадорка за човекови права и хуманитарни активности во Р.С.Македонија (прогласена од Новинари за човекови права и Британска Амбасада), менаџерка за маркетинг , продажба и презентација во градежниот сектор и промоторка на 100% органски производи во Р.С.Македонија. За тоа како успева сè да постигне на три одговорни работни позиции, вели дека прави план, нагласувајќи дека „менаџирањето е вештина која се учи, за постигнување на целите најбитно е човек да е духовно исполнет и да ја сака работата што ја работи“, а потоа додава: „давај го на светот она што сакаш да ти се врати“. Така го започнавме разговорот, со чаша полна сок од сто процентна органска малешевска, ладно ценедена аронија, или како што вели Вики, со „чаша полна среќа“.

Вики Димчевска, Бранко Дудуковски и сопругата Мирјана Дудуковска на плантажата која се простира на 70.000 квадратни метри

-Прв пат кога стапнав на таа волшебна плантажа од 70. 000м2 со прекрасна аронија и кога ја видов со своите очи таа волшебна природна убавина создадена со многу труд, максимална ангажираност и посветеност, љубов и вредно работење од вредните раце на господинот Бранко Дудуковски, сфатив дека прифаќањето на одговорноста е една од најтешките дисциплини, но без неа не можен да направиш никаков успех, ни рече Вики, запознавајќи нè со г-дин  Бранко Дудуковски, одговорен и вреден човек, 100 проценти посветен на неговата љубов, а тоа е неговата плантажа со малешевска аронија.

Инаку, Дудуковски е дип.металуршки инженер, студиите ги завршил со висок просек и веднаш се вработил во „Рудници и железарница“ во Скопје. По тригодишно работење во фабриката Железара како металуршки инженер, бил унапреден на раководно место во „Фени-Кавадарци“ на погон за рафинација на фероникел. По неговото успешно раководење на погонот, станал генерален директор на „Фени-Кавадарци“. По завшувањето на работната кариера во „Фени“, веќе со богато работно искуство, деловно заминал за Русија, а оттаму во Јужноафриканската Република. По враќањето од ЈАР, одлучил до го искористи потенцијалот и благодетот што го нуди малешевската почва погодна за садење аронија.

-Секој почеток во секоја нова работа е тежок. Моето потекло од Берово, љубовта кон Малешевијата, плодната почва и климатските услови беа мој предизвик да почнам со садење на аронија и лешник на плантажата со површина од 70 000 квадратни метри, ни објаснува г-дин Дудуковски.

Сезоната за берба на аронијата е во септември, а тајната на успешноста на високо квалитетните плодови…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Видео на денот