ФОТО | Радосна вест во домот на Иванови: Поранешниот претседател доби внук

Иван Иванов, Фото: Инстаграм

Пред месец дена, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Иван Иванов, се ожени со прекрасната Јана, откако во октомври минатата година се верија. А, сега семејствата Иванов и Кочов имаат уште една причина за среќа. Иван и неговата сопруга Јана станаа родители.

ФОТО | Се ожени синот на Ѓорге Иванов: Иван и Јана го кажаа судбоносното „да“

Заљубениот пар доби син, а радосната вест на социјалните мрежи ја споделија и двајцата родители и нивното семејство. Таткото на сопругата Јана, Атанас ја објави радосната вест на неговиот профил и напиша:

„Добредојде Принцу! Прво внуче! Ви благодарам Јана & Иван! Welcome to the World!“.

Иван Иванов, Фото: Instagram story
Иван Иванов, Фото: Instagram story

„Таа ме освои со шармот, насмевката, нивото на промислување на работите околу себе, со нејзината интелигенција, секако и убавина. Пред сè ме освои со тоа што беше таа вистинската, едноставно работите течеа по природен пат“, рече Иван минатата година.

Новопечениот татко во повеќе наврати зборувал како Јана е љубовта на неговиот живот, па сега ќе му се придружи уште една. Здраво и живо нека е!

ФОТО | Ова е Јана, идната снаа на Ѓорге Иванов: Синот на поранешниот претседател најави традиционална свадба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот