ФОТО | Публиката го критикува кулинарското шоу на Бруклин Бекам: Знае да готви колку што мајка му знае да пее

Бруклин Бекам/Фејсбук
Бруклин Бекам/Фејсбук

Синот на фудбалерот Дејвид Бекам и на пош спајсицата Викторија Бекам, 22 годишниот Бруклин, објави дека има свое кулинарско шоу, Cookin’ With Brooklyn, но изгледа дека неговите готвачки таленти се ограничени.

Според изворите кои се упатени во неговата кулинарска емисија за млад готвач, за снимање му биле потребни 62 професионаци кои му помагаат да направи сендвич. Ова значи вклучување „кулинарски“ продуцент, кој ги одобрува рецептите, пет сниматели и девет продуценти.

„Ова е нечуено. Вакви екипи можете да очекувате во огромна телевизиска емисија“ – рече еден телевизиски директор за New York Post.


Една епизода од емисиите, која се прикажува на Facebook Messenger и Инстаграм, наводно чини преку 100 илјади долари. Сендвичот за кого му биле потребни преку 60 соработници, е всушност тип на трансформиран „фиш енд чипс“, познато англиско јадење, а Бруклин го прилагодил рецептот, со што во печивото ставил орада (вид риба), прелиена со сос во комбинација со салата од зелка. Меѓутоа, Бруклин не направил ниеден елемент од сендвичот. На лебот само премачкал мајонез, а на врвот ги ставил состојките приготвени од други.

„Тој не знае да испржи парче риба. Готви како што неговата мајка пее“ – изјави изворот.

„Сите нешта што ги прави, ги режираат неговите родители. Викторија прва повлече врски во модната фотографија, а за кулинарското шоу им помага нивниот куќен пријател Гордон Ремзи. Тој ги советува да вложат во ова шоу што повеќе пари“.

Од каде Бруклин и готвење?

Бруклин има неколку обиди во кариерата, сите различни. Прво сакаше да биде фудбалер, па професионален фотограф, а еве сега и готвач.  Студираше и фотографија во Парсонс универзитетот во Њујорк, но по една година се врати дома, поради „носталгија“.

„Сметам дека Бруклин Бекам не заслужува да седи во шоуто на Џејмс Корден. Не можам да ја гледам оваа неправда и непотизам, додека ги гледам своите пријатели во угостителството кои се трудат и со својот талент се докажани готвачи. Не е ни чудо што социјалните мрежи повлекоа толку љубомора и фрустрација“ – изјави и британската водителка Улрика Џонсон, откако Бруклин се појави во шоуто на Корден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynbeckham

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот