ФОТО | Првата манекенка создадена со вештачка интелигенција заработува до 10.000 евра месечно

Фото: Инстаграм/ Aitana Lopez

Аитана Лопез е првата шпанска манекенка создадена од вештачка интелигенција и е дело на Рубен Круз, нејзиниот дизајнер и основач на маркетинг агенцијата „Клулес“ (The Clueless), кој ја направил кога минувал низ тежок период, бидејќи немал многу клиенти, пишува „Еуроњус“.

„Почнавме да ја анализираме нашата работа и сфативме дека многу проекти беа ставени во мирување или откажани поради прашања надвор од наша контрола. Честопати тоа беше вина на инфлуенсерот или моделот, а не проблем со дизајнот“, изјавил Круз.

И тогаш се појавила револуционерната идеја – тој и неговите колеги решиле да создадат свој модел за клиентите. Така се родила Аитана, виртуелна манекенка која заработува и до 10.000 евра месечно.

Фото: Инстаграм/ Aitana Lopez

„Го направивме тоа за да не зависиме од други луѓе кои имаат големо его или едноставно сакаат да заработат многу пари позирајќи“, објасни Круз, кој е горд што неговата манекенка веќе стана заштитно лице на „Биг“ – компанија за спортска опрема.

За само неколку месеци таа има повеќе од 121.000 следбеници на Инстаграм и нејзините фотографии имаат илјадници прегледи и реакции. Таа дури добива и приватни пораки од познати личности кои не се свесни дека таа не е вистинска личност, а наскоро би требало да добие и пријателка, модел по име Маја.

Ова се покажа како хит досега, а Круз изјавил дека неговата агенција е преплавена со барања од брендови кои сакаат да имаат свој персонализиран модел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот